27 C
Melbourne
недела, август 2, 2026

Мицкоски: ДУИ бараше да се укине балансерот

Токму кога ДУИ беше во владата и прв потпретседател беше Артан Груби  беше дадено мислење и препорака за бришење на алатката Балансер, а одлуката на Уставен суд јас не ја коментирам зашто одлуки на Уставниот суд не се коментираат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на тврдењето на пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари.

На седница за пратенички прашања таа кажа дека оваа Влада ја укинала алатката за правична застапеност и оти речиси две години, како што рече,  Албанците се без заштитени права и се објавуваат „скандалозни конкурси“ за вработување само на Македонци.

-Испраќање невистини од говорницата нема да ви донесе политички поени туку дополнително ќе одите во негативна насока што не е добро за вас. Се што кажавте е неточно и невистина. Чесно и доблесно ќе беше да се извините пред граѓаните и да кажете дека ние од ДУИ на владина седница донесовме одлука со која препорачавме да се избрише алатката Балансер и чесно и доблесно ќе беше да кажевте дека сите оние судии во Уставниот суд коишто ја донесоа таа одлука се уставни судии избрани од претходното владино мнозинство на СДСМ и ДУИ или се предлог на поранешниот претседател на државата, господинот Пендаровски. Ова е вистината што сите почитувани граѓани треба да ја знаат. Се останато е невистина и обид за груба политичка манипулација, рече Мицкоски.

Порача дека за сите што сметаат дека се обесправени постојат институции и судови и секогаш го имаат правото на жалба.

Претседателот на Владата додаде дека Законот за правична застапеност од оваа влада добил позитивна препорака од Венецијанска комисија чии одлуки, рече, според новата методологија на пристапување и преговарање по кластери, а побарано од Франција во 2018-2019 година, „се одлуки коишто не се коментираат туку се спроведуваат затоа што се дел од пристапниот процес кон Европската Унија“.

И порача дека нема да навлегува во дискусија дали тој закон му се допаѓа на ДУИ или не му се допаѓа и нагласи дека тој е премиер на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска и политичка припадност.

-Како Влада нема да толерираме злупотреба на канцелариите за спортски активности во форма на жонглирање со фудбалчиња, играње баскет или, пак, поставување јога душеци, кревети, преноќување во истите и да не кажам уште што вршење во тие канцеларии. Констатирано од страна на Министетството за внатрешни работи. Нема да одам чекор понатаму и нема да зборувам за да не бидам погрешно сфатен. Но, јас би се засрамил да сум на ваше место, дама сте, да браните такви луѓе. Би се засрамил после се што правеле таму. Ова ви го кажувам најодговорно и за тоа постои полициски засписник, рече Мицкоски реплицирајќи и на пратеничката од ДУИ Ајдари.

- Реклама -spot_img

Најново

Хрватска ја победи Гана и се пласира во осминафиналето на Светското првенство

Хрватската фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Гана со 2:1 во последното коло од групата Л на Светското првенство и со тоа обезбеди пласман...

Германија руши температурни рекорди, автопатите пукаат, а реката По пресушува

Европа се соочува со еден од најекстремните топлотни бранови досега, а високите температури веќе предизвикуваат сериозни последици во повеќе земји. По рекордните горештини во...

СДСМ: 2 години Тошковски- Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци објави Скопје1.мк

Две години на Тошковски во МВР донесоа целосен распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци, велат од опозициската...

До 18 часот регистрирани 10 пожари на отворено, два сè уште се активни

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а...

Вучиќ: Ова се моите последни денови како претседател на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка на функцијата, една година пред истекот на неговиот мандат, и порача...