31.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Европски тип на хантавирус имало во 2015 година во Македонија, но сега нема ризик за македонските граѓани од хантавирусот

Институт за јавно здравје соопшти дека во моментов нема опасност ниту ризик за граѓаните на Северна Македонија поврзан со случаите на хантавирус регистрирани на крузерот во Јужниот Атлантик.

Од Институтот информираа дека Секторот за епидемиологија е во постојана комуникација со Светска здравствена организација и Европски центар за превенција и контрола на болести, од каде секојдневно добива информации и насоки поврзани со состојбата.

„Нема простор за паника, бидејќи во моментот не постои опасност за македонските граѓани“, посочуваат од ИЈЗ.

Институтот наведува дека располага со протоколи, реагенси, опрема, стручен кадар и методологија за дијагностика и евентуална реакција доколку има потреба.

Од ИЈЗ информираат и дека според податоците од надлежните институции, на крузерот нема македонски државјани ниту меѓу патниците, ниту меѓу екипажот.

Во објаснувањето за болеста, од Институтот посочуваат дека постојат два типа на хантавирус – европско-азиски, кој најчесто предизвикува бубрежни симптоми, и американски тип, кој предизвикува респираторни компликации и е регистриран во актуелниот случај на крузерот.

Според ИЈЗ, европскиот тип на хантавирус се дијагностицира во Македонија од 2015 година, при што досега биле регистрирани 32 случаи и три смртни исходи.

„Овој тип се пренесува од глодар на човек и нема пренос од човек на човек“, објаснуваат од Институтот.

Иако во земјава не е регистриран американскиот тип на вирусот, од ИЈЗ препорачуваат граѓаните да одржуваат високо ниво на хигиена и да избегнуваат консумирање храна што можела да биде контаминирана од глодари.

Дополнително, беше упатен апел до општините редовно и соодветно да ја спроведуваат задолжителната дератизација.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...