30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Вучиќ: Ова се моите последни денови како претседател на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка на функцијата, една година пред истекот на неговиот мандат, и порача дека во Србија ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори.

„Ќе бидам претседател уште само неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка“, изјави Вучиќ пред своите поддржувачи на собир во Белград.

Вториот и последен претседателски мандат на Вучиќ, според актуелниот Устав, истекува во средината на 2027 година.

Тој истакна дека ќе ѝ помогне на Српската напредна странка да победи на претстојните избори, вклучително и на евентуалните предвремени парламентарни избори, кои редовно треба да се одржат во 2027 година. Вучиќ предложи изборната листа на СНС да настапи под името „Обединета Србија“.

Српскиот претседател посочи дека ќе се повлече доколку во партијата сметаат дека неговата поддршка повеќе не е потребна.

„За победа – и тоа наскоро“, порача Вучиќ, без да прецизира кога точно ќе ја поднесе оставката и кога би можело да биде распуштено Собранието, што е предуслов за распишување предвремени парламентарни избори.

На собирот во Белград, кој беше организиран како одговор на активностите на студентското движење „Студентите победуваат“, Вучиќ најави и можност за помилување на лица кои, како што рече, „од невнимание и случајност сториле одредени дела“.

Осврнувајќи се на надворешната политика, Вучиќ изјави дека Србија ќе продолжи по патот кон Европската Унија и ќе ги исполнува своите обврски, но истовремено ќе ги зачува традиционалните односи со Русија и Кина.

Тој повторно ја нагласи потребата Србија да ја задржи воената неутралност и оцени дека студентите во земјата биле политички инструментализирани.

Според српската полиција, на собирот во центарот на Белград присуствувале повеќе од 200.000 луѓе, додека независни проценки за бројот на присутни засега нема.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...