30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од нагло зголемување на цените во текот на зимата.

„Пониските нивоа на залихи природно го зголемуваат ризикот од поголема нестабилност на цените во текот на зимата“, предупредува аналитичарот за гас Грег Молнар.

Ситуацијата би можела дополнително да се влоши доколку Европа се соочи со долготрајни студени бранови или периоди со слаб ветер, бидејќи тогаш расте потрошувачката на гас за греење и производство на електрична енергија.

Европскиот пазар во текот на летото остана релативно мирен, бидејќи трговците очекуваа повторно отворање на Ормускиот Теснец, што би овозможило зголемен прилив на течен природен гас пред зимата.

Сепак, очекувањата за брзо решение сè повеќе исчезнуваат.„Паниката почнува да се шири“, вели Бјарне Шилдроп, главен аналитичар за суровини во банкарската групација СЕБ.

Резервите се намалиле по студениот крај на минатата зима, додека летните топлотни бранови дополнително ја зголемиле употребата на гасните електроцентрали.

Иако засега не се очекува физички недостиг на гас во Европа во текот на зимата, пазарите предвидуваат значително повисоки цени. Референтната цена на гасот во Европа во последните недели надминала 68 евра за мегават-час, што е највисоко ниво во повеќе од три години и повеќе од двојно над цената од почетокот на годинава.

Во зимските месеци Европа ќе мора да се натпреварува со азиските купувачи за испораки на течен природен гас. Аналитичарите на „Голдман Сакс“ проценуваат дека, доколку не се обнови редовниот извоз на гас од Блискиот Исток, цената во Европа би можела да надмине 100 евра за мегават-час.

Особено ниски резерви има во западниот дел на Европа. Германските складишта, кои се најголеми во Европа, се пополнети нешто над 50 отсто, додека во Белгија пополнетоста е околу 49 отсто, а во Холандија околу 44 отсто.

Подобра е состојбата во Италија, каде што складиштата се пополнети над 81 отсто, и во Полска, со пополнетост над 90 отсто. Според податоците на „Gas Infrastructure Europe“ од 23 август, хрватските складишта биле пополнети околу 68 отсто.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...

Тотенхем повторно поразен

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во Лондон со 2:0 (0:0) во натпреварот од 2. коло од англиската Премиер лига. Тотенхем ја отвори сезоната со...