30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

СДСМ: Мицкоски и Максим зборуваат за „борба против корупцијата“, а нивните блиски прават стотици илјади евра преку ноќ

Максо вели: „Погледнете во е-урбанизам“. Ние погледнавме. Нема ништо за кумовските односи. Нема договор како преку ноќ да се направат 350.000 евра. Но еве, на Максо и на граѓаните јасно им објаснуваме: Драган Митевски, кум на Максим Димитриевски, преку ноќ купил земјиште од Максим и неговото семејство за 250.000 евра, велат од СДСМ.

„Само неколку дена подоцна, истото земјиште го продал на Лидл за 600.000 евра.

Со нула инвестиција, заработил 350.000 евра чист профит.

Потоа, ги овластил купувачите да спроведат постапка за промена на ДУП кај неговиот кум – градоначалникот Максим Димитриевски.

Вчера, со одлука на Советот, ова е целосно реализирано.

Ова не е бизнис. Ова е класичен пример на корупција и злоупотреба на функција.

Максим Димитриевски, „антикорупционер“ познат по тендерите во Пошта, преку својот кум прави брзи и профитабилни трансакции, а потоа ја користи својата функција за да им обезбеди измена на урбанистичкиот план.

Ова е тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ во акција.

Граѓаните заслужуваат да знаат:

Додека Мицкоски и Максим зборуваат за „борба против корупцијата“, нивните блиски прават стотици илјади евра преку ноќ со помош на јавната власт.

ЗНАМ беше формиран и финансиран од Мицкоски – само еден сателит за растурање на опозицијата, создаден од лични интереси, кому сега му истече рокот на употреба.

Ќе го потрошат Филков на темата Груевски и тука е крајот.

Најлошото е што Максо, кој прво ја предаде својата партија, а потоа и своите гласачи, денеска служи како мегафон на криминалната организација во заштита на партијата за која Мицкоски вели дека е „промакедонска“ – што е точно.

ВМРО е основана како бугарска партија, а денес нејзиното мнозинство го сочинуваат Бугари со македонски пасоши.

Оно што Максо мора да знае е дека не само тој, Филков и Сашо Петровски, туку и сите учесници во нивната криминална група предводена од шефот на бандата Христијан Мицкоски – ЌЕ ОДГОВАРААТ!

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста“, се вели во соопштението.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...