30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

До 18 часот регистрирани 10 пожари на отворено, два сè уште се активни

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а осум се целосно изгаснати.

Според информациите од надлежните служби, активни пожари има во Општина Ѓорче Петров, кај селото Ново Село, каде што гори нива со жито, како и во Општина Сарај, кај селото Копаница, каде што е зафатена ниска вегетација.

Во текот на денот изгаснати се осум пожари, и тоа во Велес на улицата „Димко Најдов“, во липковското село Слупчане, во Куманово на улицата „Иво Лола Рибар“, во селото Трубарево во Општина Гази Баба, на улицата „Мице Козар“ во Ѓорче Петров, во светиниколското село Каратманово, во неготинското село Корешница, како и помеѓу селата Прждево и Бесвица во Општина Демир Капија.

Пожарите зафатиле ниска вегетација, жито, стрништа, трње, ниска шума, ѓубре и земјоделски насади. Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата на терен.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...