30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од деца и ја прекршил нивната приватност.

Спогодбата е постигната со американското Министерство за правда и Федералната трговска комисија (FTC), со што платформата избегнува продолжување на граѓанскиот правен процес во САД.

Според тужбата, ТикТок со години дозволувал деца помлади од 13 години да отвораат профили без согласност од родителите. Американските регулатори тврдат дека платформата собирала лични податоци од малолетници и ги задржувала дури и кога родителите барале тие да бидат избришани.

Со тоа, според властите, бил прекршен Законот за заштита на приватноста на децата на интернет (COPPA).

Покрај паричната казна, спогодбата предвидува ТикТок да ги избрише претходно собраните податоци од деца и да воведе независен механизам за проверка на возраста на корисниците. Компанијата ќе мора да примени и нови правила за детските профили, со ограничени можности за следење и споделување содржини.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

Тотенхем повторно поразен

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во Лондон со 2:0 (0:0) во натпреварот од 2. коло од англиската Премиер лига. Тотенхем ја отвори сезоната со...