27.6 C
Melbourne
сабота, август 1, 2026

Георгиевски: Ние сме во целосен процес во српска асимилација по секој основ

Во контекст на историските дебати, тој посочи дека додека јавно се зборува за „побугарување“ на македонската историја, паралелно се случува нешто друго.

Постојано се создаваат фронтови: ‘Ќе се бориме против побугарувањето на македонската историја’, а од друга страна, во последните години има радикално србизирање на македонската историографија“, рече тој, додавајќи дека ваквата состојба не била дозволена ниту во минатото.

Дури ни комунистите не го дозволија ова. Дури и Лазар Колишевски имаше црвена линија кон српскиот национализам и великосрпската политика“, нагласи Георгиевски.

Тој предупреди и на, како што ја нарече, целосна рехабилитација на Југославија на Караѓорѓевиќ во Македонија преку официјални државни манифестации и настани.

Мислам дека македонската почесна гарда денес се стројува почесто на српски празници отколку на македонски“, изјави тој, додавајќи:
Кого правите будала во оваа држава?

Во интервјуто, Георгиевски упати и директни критики кон Бугарија за односот кон Коридорот 8, оценувајќи дека недостасуваат конкретни инфраструктурни проекти.

Една мала Албанија има изградено четири патишта кон Македонија, а од друга страна ја критикувам оваа демагогија на Бугарија. Постојано се зборува, се зборува, се зборува, но кога ќе ги погледнете конкретните дејствија од другата страна, ќе видите дека Бугарија има изградено автопати кон сите држави благодарение на Европската Унија. Единственото нешто што не е изградено е автопат кон Македонија“, истакна Георгиевски.

Во продолжение, тој додаде:

„Не само што нема изградена автопатска врска – граничните премини од наша страна се изградени, а од нивна страна едноставно нема инфраструктурни проекти. Дури ни за железничката линија. Македонија, всушност, има инвестирано повеќе средства од наша страна отколку што тие инвестирале со прочуените 2,5 километри и уште 2,5 километри со тунелот. Нивното објаснување е дека Коридор 8 бил и кон Бургас. Добро, нека го направат и кон Бургас, но сакаме да видиме напредок кон Македонија. Нашите граѓани сакаат да го видат тој дел што оди кон Ќустендил, а не од Софија кон Бургас“, рече Георгиевски.

- Реклама -spot_img

Најново

Хрватска ја победи Гана и се пласира во осминафиналето на Светското првенство

Хрватската фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Гана со 2:1 во последното коло од групата Л на Светското првенство и со тоа обезбеди пласман...

Германија руши температурни рекорди, автопатите пукаат, а реката По пресушува

Европа се соочува со еден од најекстремните топлотни бранови досега, а високите температури веќе предизвикуваат сериозни последици во повеќе земји. По рекордните горештини во...

СДСМ: 2 години Тошковски- Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци објави Скопје1.мк

Две години на Тошковски во МВР донесоа целосен распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци, велат од опозициската...

До 18 часот регистрирани 10 пожари на отворено, два сè уште се активни

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а...

Вучиќ: Ова се моите последни денови како претседател на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка на функцијата, една година пред истекот на неговиот мандат, и порача...