ПРОТЕСТ ПРОТИВ РАСИЗМОТ НА ЛЕРИНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ВАСИЛИС ЈАНАКИС СО БАРАЊЕ ДО МИНИСТЕРСТВАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ И ТРГОВИЈА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ДА МУ СЕ ОТКАЖЕ ВЛЕЗНАТА ВИЗА ВО АВСТРАЛИЈА!
22 јануари 2026 година, Мелбурн, Австралија – Светскиот Македонски Конгрес – Австралија (СМК-Австралија) протестира против грчките државни власти, кои уметноста ја користат за политичка манипулација кон етничките малцинства со загрижувачка доследност, особено во регионите каде што јазичната и културната разновидност ја оспоруваат таа грчка реалност.
СМК-Австралија потсетува дека Грција на меѓународно ниво се претставува како демократска нација, но и натаму продолжува да го негира постоењето на етничките малцинства, признавајќи само мало муслиманско малцинство во нејзиниот северо-источен дел. Оваа контрадикција постојано се потврдува со акти на дискриминација врз Македонците во Грција.
СМК-Австралија потсетува дека само пред неколку недели, во Лерин (Флорина), град во близина на границата со државата Македонија, ненадејно беше прекината јавна културна прослава на музичката група “Ендопика“, принудена да престане со настапот, само затоа што пееле на македонски јазик, јазик што континуирано се зборува во околните села и во Лерин со генерации.
СМК-Австралија информира дека инцидентот го извршил лично градоначалникот на Лерин, Василис Јанакис, кој го прекинал настапот на музичката група “Ендопика“. По инцидентот, музичката група “Ендопика“ јавно го осуди однесувањето на градоначалникот на Лерин за неприфатливо поради цензура и дискриминација на македонскиот јазик. Овој инцидент го истакнува јасниот јаз помеѓу “декларираните“ демократски “вредности“ на Грција и нејзиниот третман на јазичните и културните малцинства.
СМК-Австралија, поради овој инцидент на леринскиот градоначалник Василис Јанакис го осудува неговиот влез во Австралија, со образложение “средби со грчката дијаспора“.
СМК-Австралија ја информира Македонската заедница во Австралија и австралиската јавност дека, како дел од оваа посета, леринскиот градоначалник Василис Јанакис треба да се појави во фудбалскиот клуб “Хајделберг Јунајтед“. Местото е историски значајно, бидејќи е основано како политички опонент на фудбалскиот клуб “Престон Македонија“, основан за обединување на Македонците насилно прогонети од Егејскиот дел на Македонија, најголемиот број од нив со потекло од регионот на Лерин (Флорина).
СМК-Австралија ја цени Австралија за демократска и мултикултурна нација изградена врз почитување на еднаквоста, културните разлики и човековите права. Овие вредности се вградени во австралиските закони и ја формираат основата на австралиските миграциски и дипломатски стандарди.
СМК-Австралија изразува длабоко разочарување од австралиските власти кои на странски градоначалник обвинет за расистичка цензура и дискриминација му дозволиле влез во Австралија! Австралиското општество не ги прифаќа расистичките службеници поради таквото нивно однесување. Кога посетителите на Австралија со своето однесување ги поткопуваат австралиските вредности, одговорот мора да биде принципиелен и конзистентен!
СМК-Австралија ги повикува Министерството за надворешни работи и трговија и Министерството за внатрешни работи: Да ги разгледаат околностите околу оваа посета на леринскиот градоначалник Василис Јанакис во Австралија; Да го проценат однесувањето и јавниот интерес кон леринскиот градоначалник Василис Јанакис; и Да утврдат дали неговите постапки се сооодветни со карактерот на визата и барањата за јавен интерес на Австралија за негов влез и престој во Австралија!
Кога однесувањето на посетителот на Австралија не е во согласност со австралиските демократски вредности и мултикултурни стандарди, откажувањето или одбивањето на визата е соодветен и законски одговор!
СМК- Австралија дополнително ги повикува сите македонски организации, групи во заедницата и поединци низ Австралија мирно да протестираат и да застанат обединети против расизмот, цензурата и негирањето на македонскиот културен и јазичен идентитет од страна на леринскиот градоначалник Василис Јанакис за време на неговиот престој во Австралија!
СМК-Австралија укажува дека ова не е протест против народ или заедница, туку е протест против дискриминација, расизам и ерозија на демократските принципи и вредности. Културното изразување не е кривично дело! Јазикот не е закана! Демократијата бара заемно разбирање и почитување, и толеранција и сожителство.
Австралија мора да остане доследна на своите вредности! Расизмот нема место во Австралија, ниту пак расистичките носители на јавни функции кои и да се и од каде и да доаѓаат!
Пишува – Тодор Петров