31.5 C
Melbourne
среда, јуни 17, 2026

Силни пораки на Руте, онаа до Вучиќ најинтересна: Шекеринска има стратешка тежина

Посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на Скопје ја рефирмираше Северна Македонија како клучен безбедносен партнер. Преку поддршката за Радмила Шекеринска и повикот за зголемени одбранбени инвестиции, Алијансата испрати јасни сигнали за вредноста на членството на нашата земја во најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса за нашата иднина и за за стабилноста на Западен Балкан во контекст на глобалните геополитички кризи.

Официјалната посета на генералниот секретар на НАТОМарк Руте, на Скопје на 3 март 2026 година, означува пресвртна точка во перцепцијата на Северна Македонија во рамките на Алијансата. Наместо само корисник на безбедносни гаранции, државата сега се третира како активен „извозник на безбедност“.

Оваа квалификација произлегува од континуираното учество на македонските сили во мисиите на НАТО, вклучително и во Источното крилоМарк Руте јасно стави до знаење дека безбедноста на Западен Балкан останува врвен приоритет, нагласувајќи дека Алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во регионот.

Пораките упатени до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски сугерираат дека стабилноста на земјата е директно поврзана со колективната одбрана, што е особено важно во услови на зголемени хибридни закани и регионални тензии, како и за тоа кон каде треба да гледа Македонија во однос на овие прашања.

Радмила Шекеринска

Еден од најзначајните моменти на посетата беше јавната и недвосмислена поддршка на Марк Руте за неговата заменичка, Радмила Шекеринска.

Опишувајќи го нејзиното назначување како свој „личен и стратешки избор“, Марк Руте испрати порака до домашната и регионалната јавност за вреднувањето на експертизата надвор од тесните партиски рамки.

Овој потег доаѓа во време кога Радмила Шекеринска беше цел на критики од одредени регионални лидери, како српскиот претседател Александар Вучиќ. Со истакнувањето на нејзината улога во Собранието и Владата на Северна МакедонијаМарк Руте ја зацврсти позицијата на земјата во највисоките структури на НАТО, истовремено неутрализирајќи ги внатрешните политички поделби во однос на ова меѓународно именување.

Во таа насока треба да се гледа и на изјавата на претседателот на СДСМ Венко Филипче во Собранието, веднаш по обраќањето на генсекот на НАТО.

„Членството во НАТО е резултат на стратешките, визионерските, државничките политики на Социјалдемократскиот сојуз изминатите повеќе децении. Тој пат не беше лесен, меѓутоа сега конечно ние може да се чувствуваме безбедни, нашите граници се гарантирани, поради тоа што благодарение на тие политики сме дел од најголемиот безбедносен сојуз во светот. Колку е тоа важно, гледаме сега, посебно во овие кризни времиња, кога во повеќе места во светот има војни. Оваа што веќе четири години трае на територијата на Украина како резултат од агресијата на Русија, и овие сега жаришта коишто се јавуваат на повеќе места во светот, членството во НАТО би рекол е една трајна придобивка за нашата земја, рече претседателот Филипче.

Филипче нагласи дека пораката до Владата е директна и дека актуелната власт повеќе не може да ги прикрива своите политики и да си игра со стратешките интереси на земјата.

Говорот на Марк Руте пред пратениците во Собранието содржеше остра реторика кон оската на држави кои го предизвикуваат меѓународниот поредок. Тој директно ги посочи РусијаКинаСеверна Кореја и Иран како извори на нестабилност.

Посебен акцент беше ставен на Иран како „извозник на хаос“ и неговите нуклеарни амбиции, кои се третираат како директна закана за Европа.

Иако НАТО официјално не е вклучен во акциите на САД и Израел на Блискиот ИстокМарк Руте ја оправда потребата од неутрализирање на иранските капацитети.

Во овој контекст, протестот на пратениците од Левица со транспарентот против НАТО беше минимизиран од страна на генералниот секретар како демократско изразување, но суштинскиот фокус остана на потребата од цврсто сојузништво против авторитарните режими.

- Реклама -spot_img

Најново

Македонската Православна Младина на Австралија (МОЈА) одбележа 20 години од своето постоење

Во вечер исполнета со вера, младост и македонско достоинство, МОЈА го прослави својот голем јубилеј — 20 години постоење. Повеќе од 500 млади луѓе...

Бугарија победник на Евровизија 2026

Бугарската пејачка Дара со песната „Бангаранга“ е победник на овогодинешното издание на песна за Евровизија, кое синоќа се одржа во Виена, Австрија. До последен момент...

СДСМ: Мицкоски и Максим зборуваат за „борба против корупцијата“, а нивните блиски прават стотици илјади евра преку ноќ

Максо вели: „Погледнете во е-урбанизам“. Ние погледнавме. Нема ништо за кумовските односи. Нема договор како преку ноќ да се направат 350.000 евра. Но еве, на...

Вучевиќ се сретна со Мицкоски во Скопје: Меѓусебната почит и соработката важни за иднината на регионот

Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, соопшти дека денеска во Скопје се сретнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, воедно и премиер, Христијан Мицкоски,...

Еболата се шири од Конго кон Уганда, СЗО прогласи здравствена криза

Светската здравствена организација прогласи дека епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и Уганда претставува јавно-здравствена криза од меѓународно значење. Од СЗО нагласуваат дека...