27 C
Melbourne
недела, август 2, 2026

Иран ѝ се закани на ЕУ: „Кој ќе се приклучи на агресијата, станува легитимна цел“ објави Скопје1.мк

Иран предупреди дека земјите членки на Европската унија што би се приклучиле на нападите на САД и Израел врз Иран ќе бидат третирани како „легитимни цели“ за иранска одмазда. Пораката ја испрати заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Маџид Тахт-Раванчи, во интервју за француската телевизија France 24.

„Секоја земја што ќе се приклучи на Америка и Израел во агресијата против Иран, дефинитивно ќе стане легитимна цел за Иран за одмазда“, изјави Тахт-Раванчи.

Изјавата доаѓа во момент кога во ЕУ се забележуваат различни пристапи околу кризата и растечката воена напнатост на Блискиот Исток. Според објавените информации, дел од европските држави – меѓу кои Франција, Грција и Италија – испратиле воени бродови кон регионот, додека значаен дел од високите претставници на Унијата повикуваат на деескалација, прекин на конфликтот и дипломатско решение.

Во Берлин, германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија работи со партнерите на пристап што би довел до прекин на борбите со Иран, додавајќи дека неговата земја ги дели целите на САД и Израел.

Во исто време, најостра критика за американско-израелската интервенција изрази шпанскиот премиер Педро Санчез. Тој повеќепати го осуди бомбардирањето на Иран како непромислено и незаконско, а објавено е и дека забранил користење американски авиони од поморските и воздухопловните бази во јужна Шпанија за напади врз Техеран.

Изјавата на иранскиот заменик-министер дополнително ја зголемува загриженоста во Европа дека поширокото вовлекување во воени операции може да го прошири конфликтот и да отвори нови ризици – од безбедносни закани, до политички и економски последици за земјите на Унијата.

- Реклама -spot_img

Најново

Хрватска ја победи Гана и се пласира во осминафиналето на Светското првенство

Хрватската фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Гана со 2:1 во последното коло од групата Л на Светското првенство и со тоа обезбеди пласман...

Германија руши температурни рекорди, автопатите пукаат, а реката По пресушува

Европа се соочува со еден од најекстремните топлотни бранови досега, а високите температури веќе предизвикуваат сериозни последици во повеќе земји. По рекордните горештини во...

СДСМ: 2 години Тошковски- Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци објави Скопје1.мк

Две години на Тошковски во МВР донесоа целосен распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци, велат од опозициската...

До 18 часот регистрирани 10 пожари на отворено, два сè уште се активни

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а...

Вучиќ: Ова се моите последни денови како претседател на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка на функцијата, една година пред истекот на неговиот мандат, и порача...