27 C
Melbourne
недела, август 2, 2026

Патниците на летот Хонг Конг – Лос Анџелес ја прославија новата година два пати

Лет на „Катај Пацифик“, на линијата Хонг Конг – Лос Анџелес, им понуди на патниците посебно и речиси фантастично искуство за Нова Година.

Тие ја имаа можност двапати да го прослават истиот настан, благодарение на посебниот ефект од промените на временските зони и преминувањето на Меѓународната датумска граница.

Летот CX880 полета од Хонг Конг на 1 јануари 2026 година, во 00:30 часот, со што се означи почетокот на Новата година според локалното време на азискиот град. Сепак, поради големата временска разлика помеѓу Азија и западниот брег на Соединетите Американски Држави, истиот лет ќе слета во Лос Анџелес на 31 декември 2025 година, во 20:55 часот (локално време).

Ова значи дека по прославата на Новата година во Хонг Конг, патниците и екипажот ја имаат можност да се „вратат“ во 2025 година кога ќе пристигнат во Лос Анџелес и повторно да ја прослават Новата година, овој пат според локалното американско време.

Таквиот феномен, познат како „патување низ времето“ поради различните временски зони и преминувањето на Меѓународната датумска линија, не е невообичаен за транспацифичките летови. Сепак, случајот со летот CX880 привлече големо внимание, бидејќи нуди уникатно и симболично искуство: двојна новогодишна прослава што се чини дека патува од иднината во минатото.

Овој необичен феномен предизвика љубопитност и хумор кај патниците, кои го опишаа искуството како нешто извонредно, уникатен начин да се започне 2026 година со тоа што во пракса ќе се почувствува ефектот на „патувањето низ времето“.

The post Патниците на летот Хонг Конг-Лос Анџелес ја прославија Новата година двапати appeared first on Во Центар.

- Реклама -spot_img

Најново

Хрватска ја победи Гана и се пласира во осминафиналето на Светското првенство

Хрватската фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Гана со 2:1 во последното коло од групата Л на Светското првенство и со тоа обезбеди пласман...

Германија руши температурни рекорди, автопатите пукаат, а реката По пресушува

Европа се соочува со еден од најекстремните топлотни бранови досега, а високите температури веќе предизвикуваат сериозни последици во повеќе земји. По рекордните горештини во...

СДСМ: 2 години Тошковски- Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци објави Скопје1.мк

Две години на Тошковски во МВР донесоа целосен распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци, велат од опозициската...

До 18 часот регистрирани 10 пожари на отворено, два сè уште се активни

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а...

Вучиќ: Ова се моите последни денови како претседател на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка на функцијата, една година пред истекот на неговиот мандат, и порача...