27 C
Melbourne
сабота, август 1, 2026

Родителите од Кочани на уште еден протестен марш. Новата година ќе дојде без нивните чеда

Во Кочани денеска се одржа 35. „Марш за ангелите“ на родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На маршот се обратија некои од родителите.  Таткото на загинатата Надица Наунова, која утре требаше да го слави 18 роденден. Таткото во емотивен и потресен говор ја искажа неописливата болка во која сега живее неговото семејство. Рече дека таа не е почината по божја волја, туку поради корупција. Откри дека Надица го молела да се иселат од Македонија, но тој не ја послушал.

„Го славиме твојот небесен роденден ќерко моја. На 8 март мојата ќерка Надица ѝ го подари последниот подарок на својата мајка. Мал гест, но исполнет со љубов. Таква каква што само едно дете знае да ја даде. Не знаевме дека тоа ќе биде нејзиното последно те сакам преточено во дело. Седнавме тогаш да ручаме, како вистинско семејство. Разговаравме, се смеевме, си ги гледавме лицата со радост и надеж. Зборувавме за нашиот најсреќен ден 28 декември, денот кога мојата прва рожба, мојата прва радост требаше да наполни 18 години. Зборувавме за музиката што таа ќе ја избере, за ди-џејот што ќе ја крене салата на нозе, за фустанот што ќе го одбере и толку ќе биде убава. Зборувавме за гости, за пријатели од Србија, за смеа, за радост, за торта. Тоа не беа само планови туку тоа беше живот што го очекувавме, но на 16 март се згасна“, рече низ солзи таткото на Надица.

Мајка на едно од загинатите момчиња објави потресно писмо посветено на својот син и на неговите пријатели, кои својата прва Нова година, наместо со најблиските, ја „дочекуваат“ на небото.

„Требаше овде да се слуша вашиот глас, вашата смеа и љубов. Но, наместо тоа, остана само тишина, крик, болка и солзи. Среќна ви прва небесна Нова година, ангели наши. Славете како што славевте – радосни и разиграни како таа кобна ноќ“, пишува мајката.

„Имаме уште една желба – правдата да пресуди за вашето прерано заминување. Ако таа се исполни, ќе знаеме дека постои правда“, стои во пораката.

- Реклама -spot_img

Најново

Хрватска ја победи Гана и се пласира во осминафиналето на Светското првенство

Хрватската фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Гана со 2:1 во последното коло од групата Л на Светското првенство и со тоа обезбеди пласман...

Германија руши температурни рекорди, автопатите пукаат, а реката По пресушува

Европа се соочува со еден од најекстремните топлотни бранови досега, а високите температури веќе предизвикуваат сериозни последици во повеќе земји. По рекордните горештини во...

СДСМ: 2 години Тошковски- Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци објави Скопје1.мк

Две години на Тошковски во МВР донесоа целосен распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци, велат од опозициската...

До 18 часот регистрирани 10 пожари на отворено, два сè уште се активни

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а...

Вучиќ: Ова се моите последни денови како претседател на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка на функцијата, една година пред истекот на неговиот мандат, и порача...