30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

СДСМ тврди дека го следат Венко Филипче – протече фотографија од лидерот на аеродром со куфер објави Скопје1.мк

Опозициската СДСМ попладнево реагираше со ново соопштение по објавите на социјалните мрежи во врска со патувањето на партискиот лидер Венко Филипче, откако беше споделена фотографија од него на аеродром.

Од СДСМ оценуваат дека станува збор за обид за јавен линч и дека со самото објавување на фотографијата практично се признава вршење притисок преку следење, што, според нив, претставува добро позната практика од времето на поранешниот премиер Никола Груевски, кога безбедносните служби биле ставени во функција на следење на опозицијата.

Во соопштението се наведува дека, освен следењето, партијата неодамна јавно алармирала и за прислушување на телефонски комуникации, оценувајќи дека државата повторно се враќа во периодот пред 2016 година, со исти методи – следење, фабрикување вести и лажни афери, со единствена цел, како што велат, дефокус од суштинските проблеми.

Од СДСМ тврдат дека со овие, како што ги нарекуваат, сензационалистички приказни се прикриваат теми како договорот „мигранти за пари“, криминалот и корупцијата што, според нив, се случуваат јавно и без одговорност.

Во соопштението се нагласува дека Венко Филипче патува со редовна комерцијална авиолинија и дека не заминува за Дубаи, како што се тврди на социјалните мрежи. Од партијата додаваат дека тој не користи владин авион за приватни потреби, ниту пак изнајмува приватни летала, за разлика од премиерот Христијан Мицкоски и, како што наведуваат, неговиот круг.

СДСМ го споредува луксузирањето на Мицкоски со практиките од времето на Груевски, потсетувајќи на патувања на ексклузивни дестинации, користење државни ресурси за приватни цели и раскош што, како што велат, граѓаните добро го паметат. Во таа насока, посочуваат и дека Мицкоски изнајмил приватен авион на релација Истанбул–Будимпешта, што, според нив, ги чинело граѓаните 2,6 милиони денари, како и дека во владини летала се превезувале сомнителни бизнисмени од арапските земји.

Дополнително, од СДСМ тврдат дека јавноста сè уште не знае дека премиерот, наводно, се подготвува да нарача нов авион за лични потреби, кој би бил платен со пари на граѓаните. Во соопштението иронично се наведува дека вестите што ги објавува ВМРО-ДПМНЕ наликуваат на реклами на туристичка агенција, со постојано спомнување дестинации како Дубаи и Венеција, како и визи и приватни летови, кои, според опозицијата, се недостапни за обичните граѓани без, како што велат, десетици тендери и милионски суми.

Од СДСМ оценуваат дека по сите овие обвинувања не би било изненадување доколку власта одржи нова прес-конференција, со, како што наведуваат, нови фабрикации, алудирајќи на претходни наводи за непостоечки згради и проекти.

Во завршниот дел од соопштението, партијата нагласува дека, според нив, станува збор за уште еден обид за дефокус од актуелните теми, по, како што велат, неуспешниот обид за дестабилизација на СДСМ, изостанат одговор за наводите за криминал и корупција, ограничувањето на слободата на говор и договорот „мигранти за пари“.

Од СДСМ посочуваат дека не е даден одговор ниту за милионскиот тендер доделен на партнери од ЗНАМ, кој го нарекуваат прва рата за, како што тврдат, предавството на Македонија. Порачуваат дека заедно со граѓаните ќе застанат на патот на, како што ја нарекуваат, криминалната власт и ќе ја вратат државата на европскиот пат, нагласувајќи дека нивниот „АКТ“ продолжува да работи и дека одговорите што не се даваат пред јавноста, ќе се даваат пред обвинителството.

Инаку, информацијата дека Венко Филипче бил забележан на аеродром се прошири на социјалните мрежи, каде се тврди дека тој заминува за Дубаи, каде би ја дочекал Новата година.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...