30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Македонската песна ја наполни салата „Борис Трајковски“

Историјата се пишува кога традицијата ќе ја допре иднината.
Има моменти кога песната не се слуша само со ушите, туку и со срцето. За првпат досега, македонската народна песна синоќа ја исполни до последно место салата „Борис Трајковски“ и ги наполни македонските срца.
Она што со децении беше недостижно за македонските пејачи на народни песни и инструменталисти, Влатко и Златко Миладиновски го направија реалност.
Со автентичност, посветеност и длабока љубов кон македонската песна, браќата
Миладиновски докажаа дека нашата традиција има сила да стои рамо до рамо со најголемите регионални музички имиња.
Големите сали повеќе не се резервирани само за српските и хрватските ѕвезди, тие сега станаа и дом на македонската душа.
Овој концерт не беше само музички настан, туку победа на традицијата, доказ дека коренот е жив и дека народната песна има публика, сила и иднина.
Длабок поклон и јавна честитка до браќата Миладиновски за овој историски подвиг што ќе се памети и за трагата што ќе остане запишана во македонската музичка историја.

Пишува: Јове Кекеновски

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...