31.9 C
Melbourne
сабота, август 1, 2026

Муцунски до швајцарскиот амбасадор: Подготвени сме да прифатиме повредени пациенти објави Скопје1.мк

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која бил активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот Тимчо Муцунски, по претходна консултација со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу, попладнево остварил телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.

Во рамки на разговорот, министерот Муцунски изразил искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и солидарност со народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.

Во таа насока, Република Северна Македонија ја изразила подготвеноста да прифати повредени пациенти од несреќата, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи, доколку за тоа постои потреба од швајцарска страна.

Дополнително, министерот Муцунски изразил подготвеност, во случај на потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.

Од Министерството потенцираат дека Северна Македонија останува целосно на располагање за натамошна соработка и поддршка во рамки на европските механизми за солидарност и заеднички одговор при вакви трагични настани.

- Реклама -spot_img

Најново

Хрватска ја победи Гана и се пласира во осминафиналето на Светското првенство

Хрватската фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Гана со 2:1 во последното коло од групата Л на Светското првенство и со тоа обезбеди пласман...

Германија руши температурни рекорди, автопатите пукаат, а реката По пресушува

Европа се соочува со еден од најекстремните топлотни бранови досега, а високите температури веќе предизвикуваат сериозни последици во повеќе земји. По рекордните горештини во...

СДСМ: 2 години Тошковски- Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци објави Скопје1.мк

Две години на Тошковски во МВР донесоа целосен распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци, велат од опозициската...

До 18 часот регистрирани 10 пожари на отворено, два сè уште се активни

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а...

Вучиќ: Ова се моите последни денови како претседател на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка на функцијата, една година пред истекот на неговиот мандат, и порача...