30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Австралија воведе построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј

Австралискиот парламент усвои построги закони за оружје, вклучувајќи национален откуп и заострени дозволи, по масовното пукање во Сиднеј во кое загинаа 15 лица.

Долниот дом на австралискиот парламент денеска усвои сет законски измени со кои се воведуваат построги контроли за поседување огнено оружје, како и национален програм за откуп на оружје. Мерките се донесени како одговор на масовната пукање што се случи во Сиднеј за време на прославата на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.

Законот беше изгласан со 96 гласа „за“ и 45 „против“, а сега се испраќа на разгледување во Сенатот.

Министерот за внатрешни работи Тони Берк изјави дека нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, претставува трагедија што бара решителен и сеопфатен одговор од државата.

„Тоа беше дело на поединци исполнети со омраза и вооружени со смртоносни средства. Владата мора да одговори и на мотивите и на средствата со кои ваквите напади се извршуваат“, рече Берк.

Национален програм за откуп и построги дозволи

Новите мерки предвидуваат воспоставување национален програм за откуп на огнено оружје со цел да се намали бројот на оружје во цивилна сопственост. Дополнително, ќе се воведат построги проверки пред издавање дозволи за оружје, при што федералните и државните власти ќе користат податоци од безбедносно-разузнавачките служби.

Според официјални владини податоци, во Австралија минатата година биле регистрирани околу 4,1 милион парчиња огнено оружје. Од нив, дури 1,1 милион се наоѓале во државата Нов Јужен Велс – најнаселената сојузна држава, каде што се случи и масовната пукање.

Нов Јужен Велс дополнително усвои сопствени законски измени со кои бројот на дозволено оружје по лице се ограничува на четири парчиња, додека земјоделците ќе можат да поседуваат најмногу десет. Исто така, дозволите за оружје ќе мора да се обновуваат на секои две години, наместо досегашните пет.

 

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...