30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Нови лица во врвот на ВМРО-ДПМНЕ: Ковачки генерален секретар, Томовски организациски секретар објави Скопје1.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денес на прес конференција информираше за новиот состав на Извршниот комитет на партијата.

„Денес заседавашее ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата. ЦК донесе одлука за избор на нов Извршен комитет. Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конткретни и одговорни решенија за граѓаните.

Најавувам дека во наредниот период ќе имаме избор на претседатели на партиските Општински комитети како и избор на нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани. Составот на ИК е следен: Генерален секретар е пратеникот Драган Ковачки. Членови на ИК се: Александар Николовски – министер за транспорт, Владо Мисајловски – миистер за одбрана, Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии, Тимчо Муцунски – министер надворшни работи, Никола Мицевски – координатор на пратеничката група, Луке Галевски – дел од кабинетот на владата и шеф на центарот за комуникации, Антонио Милошоски – потпретседател на собрание, Дафина Стојаноска – пратеничка, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков – градоначалник на Општина Охрид, Марија Андоновска – директор на ИЈЗ, Ели Панова – пратеничка, Игор Јанушев,Марија Митева, Благоја Ташеминов, Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски. На овие ќе им се приклучат новите претседатели на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани.

Огранизационен секретар Ивица Томовски, а за шеф на мојот кабинет продолжува Владимир Неловски“, изјави Мицкоски

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...