30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Проектили над Дубаи – Погоден луксузниот хотел „Бурџ Ал Араб“, ракети летаат крај „Бурџ Калифа“

Блискиот Исток влегува во најопасната фаза од ескалацијата. Според повеќе извештаи, проектили погодиле цели во Дубаи, вклучително и областа околу луксузниот хотел Бурџ Ал Араб, додека ракети биле забележани и во близина на Бурџ Калифа.

Соединетите Американски Држави и Израел вчера рано наутро извршија масовни напади врз цели во Иран.

Според израелската војска, цел биле локации во Техеран поврзани со високи политички и безбедносни функционери.

Иран возврати: напади низ регионот

Иран одговори со балистички ракети и дронови и напади врз Израел, удари врз американски воени локации во Бахреин, Катар и Обединетите Арапски Емирати и нов бран ракети кон цели во Заливот

Според извештаи, сирени за тревога одекнуваат низ Израел, додека неколку држави во регионот тврдат дека пресретнале проектили.

Обединети Арапски Емирати соопштија дека најмалку еден цивил загинал од паднати фрагменти.

Иранските медиуми јавуваат за повеќе од 200 загинати и над 700 ранети во нападите. Државната агенција ИРНА објави дека 53 лица загинале при удар врз училиште за девојчиња.

CENTCOM соопшти дека нема американски жртви по нападите врз Иран.

Светските лидери повикаа на итно враќање на дипломатски решенија, додека регионот се соочува со ризик од поширок конфликт.

Трамп порача до иранскиот народ: „Се приближува часот на вашата слобода“, најавувајќи дека нападите може да продолжат.

Блискиот Исток е на работ – прашањето е дали ова е кулминација или само почеток на уште поголема регионална војна.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...