30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

МНР најде авиокомпанија што ќе ги носи дома нашите од Блискиот Исток – ќе треба да почекаат уште само до недела

„Завршувањето на постапката за јавна набавка претставува потврда за навременото и одговорно постапување во насока на заштита и грижа за македонските граѓани“, велат од МНР

Евакуацијата на стотици македонски државјани од земјите од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови, конечно ќе започне во недела, соопшти МНР информирајќи дека е склучен договор со авиокомпанија.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање“, соопштија од Министерството.

Недела, 8 март, ќе биде осмиот ден од почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран, по кои имаше серија возвратни ирански напади врз земјите кои се американски сојузници на Блискиот Исток. Некои од државите од регионот, како Србија и Црна Гора, организираат авиони со кои нивните државјани се враќаат дома уште од пред неколку дена, а на дел од тие летови се качија и Македонци.

Согласно последните податоци, заклучно со денес, Амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација.

Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...