Кувајт тврди дека ирански беспилотни летала ја погодиле рафинеријата за нафта Мина ал-Ахмади, објави Асошиејтед Прес.
Рафинеријата беше погодена во четврток, на 19 март. Нападот предизвика неколку пожари .
Не се пријавени жртви или повредени.
Нападот се случил додека Кувајт го славел Фитр Бајрам, празник што го означува крајот на светиот муслимански месец на постот Рамазан.
Иран ги засили нападите врз енергетските постројки во арапските држави од Персискиот Залив откако Израел го бомбардираше огромното иранско офшорско поле за природен гас Јужен Парс во Персискиот Залив.


