30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Муцунски: Владата води дипломатска офанзива и разговори надвор од очите на јавност за проблемот со Бугарија

Постои длабока ирационалност во однесувањето на Бугарија кон Македонија, но ако се фокусираме на дијалог и европски вредности, може да се најде решение. Ова го порача шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, во интервју за Атлантскиот Совет во Вашингтон.

Според него, барањата и изјавите на официјална Софија за негација на македонскиот јазик и идентитет не се во согласност со вредностите на една демократска земја во 21 век. Муцунски нагласи дека македонската влада води дипломатска офанзива и дека се одвиваат разговори надвор од очите на јавноста, но дека клучот до решение лежи во две точки: дијалог и европски вредности.

– Постои длабока ирационалност во бугарското однесување кон нашата земја. Пред се, бидејки не соодведствува со вредностите на една демократска земја во 21-от век, да се залага и да негира прашања како што се идентитетот и јазикот. Суштинскиот аспект е дијалогот. А потоа  вториот суштински аспект е прашањето на вредностите. Вредностите кои доаѓаат од Европската унија. Дали таа повторно сака да наметне наративи, кои се наративи од типот на 19-от век. Ако се фокусираме на дијалогот и ако се фокусираме на вредностите, тогаш верувам дека во оваа ера, решение секогаш може да се најде, изјави министерот Муцунски.

А од Бугарија нова закана за вето. Илија Лазаров бугарски европратеник од  ГЕРБ – сестринската партија на ВМРО ДПМНЕ во Европската народна партија, порача дека секоја промена на преговарачката рамка на Македонија, ќе и даде право на Бугарија за блокада.

Лазаров го обвини известувачот во ЕП ,Томас Вајц , дека работи под диктат на македонската влада и изјави дека на последната средба со претседателката Јотова и бугарските европратеници – била договорена заедничка позиоција на сите бугарски институции.

– Мора категорично да изјавиме: Секоја промена што би можела да се постигне во европскиот консензус ќе ѝ даде на Бугарија право да стави вето на членството на Северна Македонија во Европската Унија Кога аплицирате за клуб, мора да се однесувате пристојно и да ги почитувате правилата, порача Лазров.

А шефицата на бугарската дипломатија Надежда Нејнски, вчера изјави дека македонската влада прави обиди да ја заобиколи преговарачката рамка и да започне повторно преговори. Негираше дека Бугарија постојано ги ескалира своите барања и порача дека позицијата на официјална Софија е диктирана од како што кажа – фактот дека преговарачката рамка е европско прашање а не билатерално.

Извештајот за Македонија, во месец мај, ќе се најде на масата пред европските пратеници во Комитетот за надворешна политика АФЕТ. Томас Вајц, преку амандаманот 108, побара правната служба на Европскиот Совет да оцени дали Протоколот е дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...