30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е кукла на конци, а додека конците се во раце на Заев СДС нема да застане на свои нозе, наместо катарза и реформи Филипче работи за туѓи агенди

ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение обвини дека СДСМ не е раководена од актуелниот претседател Венко Филипче, туку дека клучно влијание во партијата сè уште има поранешниот лидер Зоран Заев.

Од партијата во соопштението наведуваат дека појавувањето на Заев на роденденот на СДСМ е доказ дека тој и понатаму има централна улога во партиските одлуки, додека Филипче, како што тврдат, останува само формален претседател.

„СДС не ја води Филипче, туку сенката на минатото – Зоран Заев, кој ја контролира партијата“, стои во соопштението, при што од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека ова, според нив, ја потврдува неговата влијателна позиција во внатрепартиските процеси.

Во соопштението се оценува и дека СДСМ функционира без јасна насока и вистинско лидерство, потпирајќи се на стари структури и влијанија од минатото.

„Додека граѓаните очекуваат реформи и нов почеток, СДС продолжува со истите лица и политики“, стои во соопштението.

Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека без јасно дистанцирање од, како што велат, влијанието на Заев, СДСМ нема да може да направи суштински промени.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...