30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Русија ќе бара промени во новиот мировен план на САД за војната во Украина

Извор близок до Кремљ во изјава за „Блумберг“ вели дека Москва на документот од 20 точки изготвен од Украина и САД гледа како на почетна точка во натамошните преговори со оглед на тоа што не содржи одредби важни за Русија

Русија ќе бара клучни промени во најновиот мировен план на САД за завршување на војната во Украина, вклучително и дополнителни ограничувања за украинските вооружени сили, вели во изјава за „Блумберг“ извор близок до Кремљ. Тој додава дека Москва на документот од 20 точки изготвен од Украина и САД гледа како на почетна точка во натамошните преговори со оглед на тоа што не содржи одредби важни за Русија.

Меѓу барањата на Русија се гаранции против идно проширување на НАТО на исток, како и статусот на воената неутралност на Украина во случај на нејзино пристапување кон Европската Унија.

Изворот близок до Кремљ кого го цитира „Блумберг“ вели дека иако Москва гледа на сегашниот документ како кон типичен украински предлог, тој ќе биде разгледан „со ладна глава“. Додава дека планот не ги содржи органичувањата што Русија ги бара за повоените вооружени сили и видовите оружје на Киев и не дава јасни гаранции за статусот на рускиот јазик во Украина.

Дополнително, како што рече, Москва очекува јасност во врска со укинувањето на санкциите и за стотиците милијарди долари замрзнати руски државни средства на Запад.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера објави дека се уште постојат разлики меѓу Киев и Вашингтон околу територијалните прашања и управувањето со нуклеарната централа Запорожје, која Русија ја зазеде на почетокот на инвазијата, но додаде дека разговорите значително се доближиле до финализирање на планот.

 

 

 

 

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...