31.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Вучиќ го вклучи алармот: Интензивното вооружување во регионот е директна закана за Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека во регионот се одвива интензивно вооружување и формирање воени сојузи, оценувајќи дека станува збор за континуирана кампања насочена против Србија и српскиот народ.

Говорејќи на отворањето на Амбасадорската конференција во Белград, организирана од Министерството за надворешни работи, Вучиќ предупреди дека не треба да се потценуваат состаноците и договорите за воена соработка меѓу Приштина, Тирана и Загреб, бидејќи тие имаат јасни политички и безбедносни цели.

Според него, проширувањето на овие договори и обидите во нив да се вклучат и други земји од регионот не се симболични, туку претставуваат сериозен безбедносен предизвик. Вучиќ рече дека за ова разговарал со претставници на НАТО и Европската Унија, но дека, како што наведе, не добил конкретни одговори.

Тој оцени дека последиците од овие процеси веќе се видливи и тврди дека се кршат принципите на Повелбата на Обединетите нации и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, додавајќи дека САД и Турција, според него, отворено ги вооружуваат Албанците на Косово и Метохија.

Вучиќ изјави дека брзите испораки на оружје, меѓу кои и хаубици од 105 милиметри, имаат за цел да ја загрозат Србија, нејзиниот територијален интегритет, како и безбедноста на цивилното население и безбедносните структури, пренесува Танјуг.

Тој постави прашање и за целта на интензивното вооружување на Хрватска, нагласувајќи дека станува збор за постојана кампања против Србија, иако дел од земјите во регионот се членки на НАТО или се на евроатлантскиот пат.

Говорејќи за идните приоритети, Вучиќ нагласи дека зачувувањето на мирот и стабилноста ќе биде најтешката, но и најважната задача на државата и нејзината дипломатија.

Осврнувајќи се на глобалниот контекст, тој изјави дека Србија не го добила очекуваниот напредок во односите со САД, посочувајќи дека прашањата за царините и санкциите кон Нафтената индустрија на Србија не биле во интерес на земјата. Според него, поддршката во тешки моменти не доаѓала ниту од Истокот, ниту од Европската Унија.

Вучиќ предупреди и дека одредени регионални и глобални актери започнале нов бран на признавање на независноста на Косово.

За нас, Косово и Метохија е неотуѓив дел од Србија. Така било и така ќе биде. Ве молам да нема дискусија за ова прашање – во спротивно не ја застапувате државната политика,“ рече Вучиќ, обраќајќи им се на амбасадорите.

Косово прогласи независност во 2008 година и е признаено од околу 119 држави, додека Србија и понатаму го смета за дел од својата територија.

 

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...