31.9 C
Melbourne
сабота, август 1, 2026

Гвадриола добива големо засилување во јануари

Менаџерот на Манчестер Сити можно е да добие големо засилување во тимот во борбата за шампионската титула со Арсенал. Според англиските медиуми станува збор за репрезентативецот на Гана Ентони Семењо (25.години).

Се очекува токму овој играч да биде ѕвезда на зимскиот преоден рок бидејќи покрај своите квалитети и игрите што ги прикажува во Буренмут, на располагање ќе биде достапен веднаш бидејќи неговата репрезентација не настапува на АФКОН.

Семењо е еден од најбараните играчи во овој преоден рок, а за него интерес има и од шампионот Ливерпул, особено по неизвесната судбина на Мохамед Салах и повредата и отсуството на Александер Исак.

Клаузулата овозможува Семењо да замине за 72 милиони фунти плус дополнителни пет за бонуси, но само до 10.јануари. Неговиот договор со сегашниот клуб му е активен до 2030 година.

- Реклама -spot_img

Најново

Хрватска ја победи Гана и се пласира во осминафиналето на Светското првенство

Хрватската фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Гана со 2:1 во последното коло од групата Л на Светското првенство и со тоа обезбеди пласман...

Германија руши температурни рекорди, автопатите пукаат, а реката По пресушува

Европа се соочува со еден од најекстремните топлотни бранови досега, а високите температури веќе предизвикуваат сериозни последици во повеќе земји. По рекордните горештини во...

СДСМ: 2 години Тошковски- Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци објави Скопје1.мк

Две години на Тошковски во МВР донесоа целосен распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци, велат од опозициската...

До 18 часот регистрирани 10 пожари на отворено, два сè уште се активни

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а...

Вучиќ: Ова се моите последни денови како претседател на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка на функцијата, една година пред истекот на неговиот мандат, и порача...