31.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Просечната плата зголемена за 477 денари: во октомври – 45.943 денари

За еден месец просечната плата се зголемила за еден насто или за 477 денри. Во октомври е исплатена просечна месечна нето-плата од 45.943 денари, а септемвриската беше 45.466 денари. Нивото е зголемено за 9 насто на годишна основа.

Според Државниот завод за статистика, нагорното движење првенствено се должи на повисоките просечни исплатени нето-плати по вработен во три сектори: дејности на здравствена и социјална заштита за 13,3 прлценти; административни и помошни услужни дејности за 13,2 проценти; и дејности во врска со недвижен имот за 10,9 проценти.

Што се однесува до месечните промени, зголемување во октомври, а во однос на септември е регистрирано во дејности во врска со недвижен имот за 9,5 насто; информации и комуникации за 4,2 насто и во административни и помошни услужни дејности за 3,6 насто.

Во десеттиот месец од годинава, бруто-платата по вработен изнесува 69.089 денари.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...