30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

СДСМ го нарече Деспотовски квислинг и петтоколонаш

Социјалдемократскиот сојуз и денеска тврди дека неговиот член и порано кандидат за претседател работи против интересите на партијата. Со остар речник СДСМ го нарече Деспотовски „петтоколонаш“ и „квислинг“. Кој работел со ВМРО-ДПМНЕ за уривање на партијата.

„Додека ние ги разоткриваме криминалните шеми на ВМРО-ЗНАМ, тој со нив прави договор против СДСМ. Деспотовски прави дил со оние што сакаат да го урнат СДСМ, повторно заради личен интерес. Човек кој во партијата никогаш не бил активен, кој за партијата и за партиските другари практично не постоел.

Кој може да верува дека е добронамерно јавното напаѓање на сопствената партија во моментите на најжестока борба против криминалот и корупцијата? Партијата отсекогаш била место за разговор, СДСМ е позната по внатрешната демократија, а не напаѓање преку медиумите.

Се обидоа да ја дестабилизираат партијата но не успеаја. Разоткриени се целосно. СДСМ никој нема да ја замолчи ниту да ја запре“, вели СДСМ во соопштението.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...