30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Николоски од Вашингтон: Разговори за економска соработка, коридорите 8 и 10 и енергетската транзиција

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски оствари работни средби во Стејт Департментот каде се разговараше за стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД, со посебен акцент на политичките и економски врски.

На средбата со Даниел Лоутон, заменик помошник државен секретар задолжен за Европа, беше потенцирано силното партнерство меѓу двете земји засновано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност кон демократските вредности и создавање на подобри перспективи за економска и трговска соработка.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски по средбите во Стејт Департментот:

Денеска во американскиот Стејт Департмент остварив неколку средби на високо ниво на кои што разговаравме за односите помеѓу нашите две држави. САД се стратешки партнер број еден на Македонија, држава која што најмногу ја подржува Македонија и зборувавме за заедничката економска и политичка соработка. Помеѓу другото се сретнав и со заменик помошникот Државен секретар задолжен за Европа, Даниел Лоутон. На средбата разговаравме за продлабочување на политичките и економски врски меѓу двете држави како и за стратешкото партнерство кое што го делиме, разговараме за соработката во НАТО во овие предизвикувачки времиња, како и заедничките операции што ги водиме. Зборувавме за економската соработка пред се во делот на енергетската транзиција и изградба на коридорите. Зборувавме за Пан европските коридори 8 и 10 кои што поминуваат низ Македонија и кои што се витално значајни за економијата и безбедноста на нашата држава. Зборувавме и за продлабочување на соработката во следниот период, очекуваме повторно да се активира Стратешкиот дијалог каде ќе разговараме за заедничките предизвици што ги имаат двете држави. Тука е и трговскиот договор кои што треба да овозможи многу повеќе бизнис, многу повеќе трговија помеѓу двете држави и секако стратешкото партнерство кое што треба да значи просперитет, напредок, безбедност и прозападни вредности на Македонија”, изјави вицепремиерот Николоски.

Работната посета на Вашингтон, вицепремиерот Николоски денеска ја продолжува со обраќање на глобалниот настан “Transforming Transportation 2026”.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...