30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Новиот врховен лидер на Иран подготвен за преговори со САД?

Новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, наводно се согласил да започне преговори со САД и да постигне договор, објави Ал Арабија, повикувајќи се на израелски медиуми.

Официјална потврда од Техеран засега нема, а дополнително нејасно е и во каква здравствена состојба се наоѓа новиот лидер, со оглед дека беше ранет во нападот во кој загина неговиот татко, поранешниот врховен лидер Али Хамнеи.

Иранскиот министер за надворешни работи потврди само дека Хамнеи е ранет, додавајќи дека се наоѓа на безбедно место. Сепак, бројни медиуми, повикувајќи се на свои извори, тврдат дека повредите се сериозни и дека не е јасно кој во моментов фактички управува со Иран.

Дополнителна неизвесност создава и фактот што Хамнеи се обраќа исклучиво преку писмени соопштенија, откако претходно се појавија информации дека е во кома. Оттогаш, сите негови јавни обраќања се реализираат во писмена форма, што ги засилува сомнежите за неговата вистинска здравствена состојба.

Конфузијата дополнително се продлабочи откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по разговори со Иран донел одлука привремено, на пет дена, да го прекине бомбардирањето на иранските енергетски постројки. Набргу потоа, од официјален Техеран пристигна демант дека воопшто имало разговори со Трамп.

Во вакви услови на спротивставени информации, останува нејасно дали навистина се водат преговори меѓу Иран и САД, како и кој носи клучни одлуки во иранското раководство.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...