30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

ЕУ и Австралија постигнаа договор за слободна трговија

По години интензивни преговори, Европската Унија и Австралија постигнаа договор за слободна трговија. Претседателката на Европската комисија,  Урсула фон дер Лајен, и австралискиот премиер Ентони Албанезе го потпишаа договорот во Канбера. Со него, Унијата обезбедува стратешки пристап до клучни суровини, а двете страни укинуваат царини и ги олеснуваат трговијата и меѓусебните инвестиции.

Стратешки суровини и нови можности за европската индустрија

Фон дер Лајен во гостински текст за неколку европски весници потсети дека Австралија е „најголемиот светски снабдувач со литиум и располага со суровини од пресудно значење за чистите технологии на иднината – од електричните автомобили во Шпанија до офшор ветерните турбини во Балтичкото Море“.

Со договорот се укинуваат царините не само за суровините, туку и за преработените производи, што ќе придонесе за посигурни и подостапни снабдувачки синџири.

Поголема независност од Кина

ЕУ сака значително  да ја намали зависноста од Кина,  која во моментов го обезбедува најголемиот дел од европскиот увоз на суровини и поседува бројни патенти за нивна обработка. Целта, како што нагласува фон дер Лајен, е „да се спречи која било земја да го користи пристапот до енергија, полупроводници или ретки минерали  како оружје за уцена или економски притисок“.

Во спротивна насока,  ЕУ извезува машини, хемикалии  и компоненти за транспортниот сектор во Австралија — области во кои германската машинска и хемиска индустрија ќе биде меѓу најголемите добитници.

Следни чекори: правна проверка и ратификација

Постигнатиот трговски договор влегува во фаза на детална правна проверка, што обично трае неколку месеци. Потоа ќе биде преведен на сите 24 службени јазици на ЕУ.

За да стапи во сила, договорот мора да биде ратификуван од Европскиот парламент  и од Парламентот на Австралија.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...