30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Манасиевски: Филипче нуди мерки како да не бил на власт

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека новата програма на СДС е изработена по насока на ПР тимот на партијата и дека нуди мерки како да не биле на власт во изминатите години.

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, оцени дека програмата е без суштина и кредибилитет.

„Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години на власт“, изјави Манасиевски.

Тој потсети дека СДС седум години бил на власт, а Филипче пет години бил министер.

„Башановиќ очигледно не знае дека СДС до пред околу 2 години, 7 години беа на власт. Од тие 7 години власт, Филипче беше 5 години министер. По што остана запаметен сите знаеме“, рече Манасиевски.

Според него, програмата е резултат на ПР стратегија без реална содржина.

„ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ му смислиле празен концепт за програма на Филипче, а тој без никаков срам, легитимитет и кредибилитет ја презентира новата програма на СДС“, изјави Манасиевски.

Како пример ја посочи мерката за скратена работна недела.

„Една од мерките во програмата без суштина во СДС се вика – скратена работна недела“, рече тој.

Манасиевски ја коментираше мерката и во политички контекст.

„Башановиќ, Шчекиќ и Филипче, веројатно по насока на Заев ја спремиле мерката за скратена работна недела, по принципот на Зоран Заев, бидејќи тој како премиер во недела не работеше. И сабота не работеше. И петок. Додуша тој цела недела не работеше како премиер“, изјави Манасиевски.

Тој додаде дека ваквиот пристап не е нов.

„Впрочем, ова и не е нова мерка на Филипче и СДС, затоа што тие така работеа кога беа на власт“, рече тој.

Во пораката до СДС, Манасиевски оцени дека државата има потреба од конкретни политики.

„На Македонија после вашето уништување на државата и треба работа, труд и посветеност. И треба тоа што се случува денес. Реформи, проекти и мерки за граѓаните. А не празни флоскули и демагогии од ваша страна. Затоа сите почнаа да бегаат од вас, а останаа само лојалистите на Заев“, изјави Манасиевски.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...