30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Мицкоски: Анкетите се мотивација, не гаранција – ќе работиме повеќе

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека резултатите од анкетите, кои покажуваат водство на неговата партија, не се причина за опуштање, туку дополнителна мотивација за работа и испорачување резултати.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски нагласи дека Владата работи во тешки услови, поради, како што рече, состојбата што ја наследила.

„Како ВМРО-ДПМНЕ и како Влада правиме се што е во наша моќ да испорачаме, и јас лично што е можно повеќе за граѓаните. За жал, состојбата коа што ја наследивме од претходната влада ужасна, катаклизмична. Грешките кои што се таложеле со децении и погрешните политики кои што имале негативен ефект врз државата се големи. Ресурсите се за жал како резултат на тие погрешни политики многу мали. И ние работиме врз основа на приоритети“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека позитивните резултати од анкетите значат и поголема одговорност за Владата.

„Овие бројки само треба да не мотивираат дополнително да работиме. Ова се само поголема одговорност и за мене како претседател на Владата, но и како ВМРО-ДПМНЕ како носечка партија во рамките на владината коалиција“, рече Мицкоски.

Во изјавата, тој ја критикуваше и опозицијата, обвинувајќи ја за ширење на неточни информации.

„Во јавноста знаете, од страна на опозицијата се испраќаат погрешни пораки, би рекол, пораки невистинити. Пораки навредувачки, пораки кои што имаат намера да растурат пердуви и по теркот на оние пиар стратегии колку фати фати, колку не фати тоа е тоа“, изјави Мицкоски.

Тој порача дека Владата нема да ветува невозможни работи, туку ќе се фокусира на реални политики.

„Ние сме сериозна државотворна партија, така и се однесуваме во Владата. Јас како човек, ќе сторам се што е во моја моќ да испорачаме што е можно повеќе за граѓаните. Чуда никогаш не сме ветувале. Ако ги игнорираме оние лажни изјави, за наводни наши ветувања кои што никогаш не сме ги кажале од страна на опозицијата. Ние водевме кампања и во 2024, и во 2021, и во 2025 дека чуда не ветуваме, чуда се невозможни, оној кој што ветува чуда не ја говори вистината, ги манипулира граѓаните. Ветуваме многу работа, напорна работа, работа како никогаш до сега и што е можно повеќе политики, реформи за подобра иднина на граѓаните“, изјави Мицкоски.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...