30.8 C
Melbourne
вторник, септември 15, 2026

Македонија ја одби помошта на Бугарија за испорака на мазут

Дополнително, како што наведуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во текот на разговорот со бугарскиот министер Георг Георгиев, министерот Тимчо Муцунски истакнал дека ако Бугарија има потреба од ваква или слична помош, тогаш Македонија е целосно на располагање

Македонија ја одби понудената помош од Бугарија во врска со справувањето со кризната состојба што македонската влада ја прогласи вчера, а која се однесува на снабдувањето со електрична енергија во земјава.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, за време на денешниот телефонски разговор со својот бугарски колега Георг Георгиев, шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски му се заблагодарил за понудената помош и му рекол оти во моментов земјава нема потреба од дополнителна поддршка.

„Утрово беше остварен телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев. Министерот Муцунски изрази благодарност за понудената помош, при што нагласи дека во моментов нема потреба од дополнителна поддршка бидејќи состојбата е стабилна“, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Дополнително, како што наведуваат оттаму, во текот на разговорот со Георгиев, министерот Муцунски истакнал дека ако Бугарија има потреба од ваква или слична помош, тогаш Македонија е целосно на располагање.

- Реклама -spot_img

Најново

ФОТО: Македонецот Михаил Иваноски е МВП на колото во Словенија

Македонскиот ракоеметен интернационалец, Михаил Иваноски е прогласен за најдобар играч на колото в првата лига на Словенија. Десниот бек одигра квалитетен натпревар против Ајдовшчина во...

PHOTOS: Macedonian Community in Australia Celebrates 35 Years of Independence in Canberra

Macedonian community representatives from across Australia gathered at the Macedonian Embassy in Canberra to mark the 35th Anniversary of the Independence of Macedonia and...

Европа ја дочекува зимата со ниски резерви на гас, цените би можеле нагло да скокнат

Европа би можела да ја дочека претстојната грејна сезона со најниски резерви на природен гас во последните 13 години, што го зголемува стравот од...

Голем пожар кај Макази во Ресенско, се движи кон Пелистер

Попладнево избувна голем пожар во атарот на селото Макази во ресенскиот регион. Според првичните информации, пожарот се движи во правец на планината Пелистер. Засега нема...

ТикТок не заминува од САД, но ќе плати огромна казна од 400 милиони долари

ТикТок ќе плати 400 милиони долари за да го реши спорот со американските власти по обвиненијата дека незаконски собирал и задржувал лични податоци од...