31.9 C
Melbourne
сабота, август 1, 2026

Уставните судии гласаа за линеарното покачување – што ќе значи ова за пензиите?

Линеарното зголемување на пензиите останува во сила откако Уставниот суд денеска не донесе одлука за негово укинување поради израмнет резултат во гласањето – 4 спрема 4. Предметот ќе се разгледува повторно откако Судот ќе се комплетира и ќе одлучува со деветмина судии

Во однос на пензиите, Уставниот суд не донесе одлука. Не донесе одлука, бидејќи таму, како што знаете, судот поведе постапка, изрази сомнеж во уставноста на одредбите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Меѓутоа, на денешната седница гласовите се поделија и резултатот е 4:4 што значи нема одлука. Таа одлука ќе го чека доаѓањето на нови судии. Знаете дека Уставниот суд работи со еден судија помалку“, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Законот за линеарно покачување на пензиите Собранието го усвои во јули годинава и според него, пензионерите ќе добиваат по 1.000 денари во септември и во март идната година. Претходно, пензионерите во два наврата добија линеарни додатоци од по 2.500 денари.

За истата иницијатива со која линеарното покачување се оспорува, пред само неколку недели истиот состав на уставни судии обезбеди мнозинство и одлучи да постапува. Според денешното гласање, еден од судиите кој тогаш бил „за“, сега го променил мислењето – пракса која се случувала и во минатото, како што рече уставниот судија Осман Кадриу.

„Може да се случи во втора фаза, кога иако ние по правило и досега така сме постапувале, да се определиме за една од овие две можни одлуки – сепак да не се добие глас од еден или двајца колеги кои гласале за поведување постапка, а да не гласаат за конкретна одлука што ќе се предложи. И тоа може да се случи“, рече Кадриу.

Судијката Добрила Кацарска за „Дојче веле“ изјави дека останува на ставот дека линеарното покачувањена пензиите е неуставно. „Прекршени се повеќе одредби од Уставот“, рече таа.

До донесување на поинакво решение, исплатата на пензии ќе се одвива без промени. Законот за ново линеарно зголемување беше изгласан во Собранието на 24 јули со 79 гласа „за“. Тој предвидува пензионерите да добијат по 1.000 денари во септември и март 2026. Претходно, пензионерите добија два линеарни додатоци од по 2.500 денари.

- Реклама -spot_img

Најново

Хрватска ја победи Гана и се пласира во осминафиналето на Светското првенство

Хрватската фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Гана со 2:1 во последното коло од групата Л на Светското првенство и со тоа обезбеди пласман...

Германија руши температурни рекорди, автопатите пукаат, а реката По пресушува

Европа се соочува со еден од најекстремните топлотни бранови досега, а високите температури веќе предизвикуваат сериозни последици во повеќе земји. По рекордните горештини во...

СДСМ: 2 години Тошковски- Распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци објави Скопје1.мк

Две години на Тошковски во МВР донесоа целосен распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци, велат од опозициската...

До 18 часот регистрирани 10 пожари на отворено, два сè уште се активни

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а...

Вучиќ: Ова се моите последни денови како претседател на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка на функцијата, една година пред истекот на неговиот мандат, и порача...